Триесет и двегодишна невеста, Бразилката Росемар Насименто Силва, од Сао Паоло, сакала да го изненади сопругот и на нивната венчавка да стигне со хеликоптер.
Во хелихоптерот била со својот брат, фотографката, која била во шестиот месец од бременоста, и пилотот, кога леталото неочекувано се срушило. Сите патници погинале. За тоа време свршеникот со часови ја чекал пред олтарот не знаејќи што се случува.