Австралиецот Ендру Богут, кој пред неколку денови го засили Кливленд, по само 58 секунди игра во новиот тим ја заврши сезоната.
Богут се повреди во дуел со Оскар Вајт на почетокот на втората чевртина на натпреварот со Мајами.
„Ова е навистина тежок момент. Бевме возбудени поради неговото доаѓање. Кога се судрија слушнав дека пукна нешто. Застанав до него и веднаш ми кажа дека ја сршил ногата“, изјави Леброн Џејмс.
Иако сеуште не се огласил лекарскиот тим на Кливленд, извесно е дека Богут ја заврши сезоната.
Богут 12 години е дел од НБА лигата, беше прв пик во 2005 година, во кариерата настапувал за Милвоки, Голден Стејт и Далас.