Новинарот Фуркан Салиу од Клан ТВ на својот Фејсбук профил објави видео од разговор со пратеникот Амди Бајрам, по објавувањето на претседателската кандидатура на Стево Пендаровски.
Бајрам рече дека се повлекува од претседателската трка, и дека застанува зад Пендаровски.
-Успеав и имав преку 10.000 гласови, но денеска седнав со премиерот и поради кандидатот се придржувам кон заедничкиот кандидат, – изјави Амди.
Со овој потег тој ги разочара и поддржувачите кои јавно му искажаа поддршка и рекоа дека ќе гласаат за него.
https://www.facebook.com/furkan.saliu.3/videos/826572391021981/