Автобус полн со војници се удри со камион, по што се заби во куќа во Ѓаково, Хрватска.
Несреќата се случила изутринава околу 7 часот, кога во Павиќевата улица се судриле автобусот кој превезувал хрватски војници и камионот кој посипувал сол на улиците, по обилните врнежи на снег.
Автобусот по судирот со камионот излетал од патот, се излизгал на снегот и завршил во куќа што се наоѓа спроти улицата.
Автобусот удрил во оградата на куќата, но налетал и на два автомобила кои биле паркирани пред неа. Нема повредени војници.