Ирански воен товарен авион „боинг 707“ се урна утрово во станбено подрачје, западно од Техеран. Во несреќата загинаа 15 луѓе, од вкупно 16 кои биле во леталото, соопшти иранската војска.
„Ројтерс“ пренесува дека преживеаниот е пренесен во болница.
(Фото: ЕПА)
„Боингот“ превезувал месо од Бишкек во Киргистан, а несреќата се случила при принудно слетување поради лошите временски услови на аеродромот „Фат“.
(Фото: ЕПА)