Некои фотографии се снимени крај креветчето на нивниот син, а настанале додека 24-годишната сопруга била со детето кај својата мајка.
Русинката Ана Руденок (24) се шокирала кога на Инстаграм забележала фотографии од една 19-годишна девојка и сфатила дека се снимени во нејзиниот стан.
Имено, Ана на Инстаграм забележала дека нејзиниот сопруг често „лајукува“ фотографии на една 19-годишна студентка.
Кликнала на нејзиниот профил и имала што да види. На фотографиите кои ги објавувала, студентката била во нивниот стан, ја носела нејзината облека, па дури и се фотографирала со нивната мачка.
Некои фотографии се снимени крај креветчето на нивниот син, а настанале додека 24-годишната сопруга била со детето кај својата мајка.
Димитри Руденок (27) е професор на Државниот универзитет Јужен Урал во Русија, а кога сопругата му кажала што дознала, не негирал дека ја изневерува туку го избришал својот Инстаграм профил, додека 19-годишната студентка го блокирала пристапот.
Подоцна признал дека со студентката бил во врска дури 18 месеци.