Плејмејкерот на Оклахома, Расел Вестбрук, продолжи да ги поместува границите, кога се работи за индивидуалните остварувања, во НБА лигата.
Вестбрук доминираше во триумфот на Оклахома над Феникс 114:101. Плејмејкерот на Оклахома забележа трипл дабл од 26 поени, 13 скокови и 22 асистенции.
Вестбрук го собори личниот рекорд според бројот на асистенции, тој го забележа 13-от трипл дабл во сезоната, вкупно 50-ти во кариерата. До оваа бројка на трипл дабл учиновжци Вестбрук стигна на 28-годишна возраст.
Исто така Вестбрук е само седмиот играч во НБА историјата кој на еден натпревар забележал повеќе од 20 поени и асистенции. крај/мф/нц