Во близина на Македонски Брод се наоѓа Пештерата Пешна. Оваа пештера го добила името по сестрата на Крале Марко – Пешна, за која многу голем дел од нас и не слушнале.
Според легендата која и ден денес се раскажува, уште во 14-тиот век опеаниот македонски јунак Крали Марко и изградил куќа на својата сестра Пешна на самиот почеток од пештерата, која подоцна почнала да се нарекува Пешна. Камените ѕидови на куќата се огромни и дебели па таа наликува на мала тврдина. Благодарение на дебелите камените ѕидови денес дел од тврдината е останат и може да се види.
Oва ремек дело на природата со својата величествената големина, својата грандиозност, својата убавина ќе ве остави без здив. Висока е околу 30 метри а длабока околу 70.
Интересно за оваа пештера е што во пролет, кога се топат снеговите од високите планини во тој предел, на влезот од пештерата ќе ве пречека жубор на мала река која извира од малото езеро кое се наога дури на крајот од пештерата, потоа ќе ве пречекаат ѕидинита на куќата на Пешна, а веднаш заднеа огромна пештера која ќе ви го одземе здивот.
Горниот дел од пештерата кој е висок триесетина мери не се карактеризира со многу сталактити, но затоа ќе наидете на прекрасни форми направени од самата карпа ко дефинитивно ќе ви го задржат погледот.
Благодарение на огромното окно сончевите зраци успеваат да продрат дури и до крајот на пештерата и слободно можете да прошетате низ неа без никаков проблем, а кога ќе стигнете до крајот на самата пештера свртете го вашиот поглед наназад за да не го пропуштите овој несекојдневен поглед кои плени со својата убавина.
Откако ќе се заситите од убавината која ви ја нуди ова прекрасно ремек дело на природата и откако ќе ги направите најубавите фотографии кои ќе ги оживуваат вашите прекрасни спомени од пештерата Пешна е дури тогаш сте подготвени да продолжите понатаму по потрага на нови македонски убавини.