Веганските активисти во Австралија се обвинети за „заплашување на учениците откако ‘печеа’ куче среде прометна улица во знак на протест поради консумирање месо”.
Протестот на ПЕТА, кој вклучуваше реквизит на куче, беше замислен така за да ги натера луѓето да се прашуваат: „Ако не јадете куче, зошто јадете јагне?”
Перформансот беше изведен во центарот на Сиднеј, додека милиони Австралијци се подготвуваат да го прослават Денот на Австралија, кој секоја година се слави на 26 јануари, а оваа година паѓа во сабота.
ПЕТА се надева дека луѓето ќе размислат што ќе подготват за скара откако ќе го видат готвачот како „пече домашно милениче со некој зеленчук”, пишува Метро.
Но, многумина беа згрозени од протестот, а некои веруваат дека ПЕТА не може да падне подолу. Сведоците тврдат дека виделе исплашени деца шокирани од сцената.