6 C
Skopje
четврток, март 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Вашингтон избори мајсторка

Кошаркарите на Вашингтон изборија мајсторка во последното конференциско полуфинале против екипата на Бостон. Изминатата ноќ Вашингтон славеше со 92:91.

Драмата во главниот град на САД ја реши Бредли Бил со тројка која ја постигна на 3,9 секунди до истекот на регуларниот дел од натпреварот.

Бостон прпошушти голема можност да ја реши серијата бидејќи на 75 секунди до крајот Селтикси водеа 82:87 и имаа напад.

Бил со 33 поени и Џон Вол со 26 поени и осум скокови го предводеа Вашингтон. На спротивната страна по 27 поени постигнаа Ајзеа Томас и Ејвери Бредли.

Мајсторката ќе се игра во ноќта помеѓу недела и понеделник, во Бостон. Победникот од оваа серија, во финалето на Истокот ќе игра против Кливленд.

В недела, на Западот ќе започне финалната серија помеѓу Голден Стејт и Сан Антонио (21:30 часот).

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.