Актуелниот македонски ракометен првак и владатер на Европа, Вардар по низата заминувања, го доби и првото засилување.

Како што дознава sportclub.mk, старо-ново име во „црвено-црниот“ тим ќе биде левиот бек Сергеј Горбок кој потпиша за Вардар.

Ова значи дека Горбок се враќа во Скопје по две сезони пауза кои ги мина во унгарски Пик Сегед.