ЖРК Вардар ќе се обиде да стигне до петтата победа во петтиот меч од Лигата на шампионите против унгарскиот ФТЦ во Будимпешта, без повредените Андреа Лекиќ и Мирјета Бајрамовска.

Дуелот со ФТЦ ќе го одлучи победникот во групата, откако Вардар веќе обезбеди пласман во следната фаза, и доколку победат на тешкото унгарско гостување ќе пренесат повеќе поени во наредниот циклус ако ФТЦ го освои второто место. Во втората фаза, Вардар ќе игра со три тимови од групата Д.

ФТЦ и Вардар досега имаат одиграно три меѓусебни натпревари во лигата на шампионите. На последниот одигран на почетокот на октомври во Скопје победија „црвено-црните” со 34:31, а во 2016 година игравме двапати, по ремито во Скопје на гостински Вардар триумфираше со 37-24.

„Не очекува тежок меч. ФТЦ сега е во налет и осоколени откако го победија во домашното првенство и тимот на Ѓер. Ние сигурно ќе бараме начин како да ги сопремен нивните најдобри ракометарки, Сучански, Ковачич и Пена. Спремни сме, правевме добра анализа. Ќе ни недостасува многу Лекиќ. На тој меч во Скопје Лекиќ одигра многу добро. Ние ќе треба да играме концентрирано во текот на целиот меч“, изјави тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.