ЖРК Вардар стигна до втората победа во ракометната Лига на шампиони победувајќи го на гостувањето во Ерфурт тимот на Турингер со убедливи 21:29, комплетирајќи го одличниот викенд за Вардар откако машкиот тим во саботата ја победи големата Барселона.

Почетокот беше израмнет за двата тима, пред од 6:6 Вардар да направи низа од 6-0 за водство од 12:6, по што на полувреме се отиде на одмор со разлика од осум гола (11:19).

Најефикасна кај победничкиот тим беше Јованка Радичевиќ со седум гола, додека пет гола постигнаа Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ, додека на голот, Ина Суслина имаше осум одбрани, а Амандин Лејно седум.

Дуелите во Лигата на шампионите продолжуваат за Вардар со домашната пресметка со норвешкиот Ларвик.