6 C
Skopje
сабота, мај 25, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Ван Острум замина од МЗТ, ќе се оперира во Лондон

    Британецот, Девон ван Острум, викендов се поздравил со соиграчите од МЗТ, а утрово ја напуштил Македонија и заминал за Велика Британија, откако поради тешка повреда на коленото ја заврши сезоната, објави МЗТ на клупската интернет страница.

    Ван Острум се повреди на завршниот турнир во Купот на Македонија, во полуфиналето против Фени индистри тој ги скина предните вкрстени лигаменти во коленото.

    Репрезентативецот на Велика Британија, иако имал понуда клубот да му помогне што поскоро да ја залечи повредата, решил да се врати во Лондон, каде трошоците околу операцијата ќе ги покрие Кошаркарската федерација на Велика Британија бидејќи тој е стандарден репрезентативец.

    „Без разлика на фактот што плејмејкерот беше на краткорочен договор со важност до крајот на АБА-лигата (уште две кола), управата на МЗТ Скопје Аеродром му понуди на Ван Острум помош (логистичка и финансиска) околу операцијата која е неопходна при вакви повреди. Британецот, сепак, се заблагодари на понудената помош и во консултација со матичните лекари реши да се оперира во Лондон. Управата на МЗТ Скопје Аеродром останува подготвена да му помогне на Ван Острум во перидот на неговата рехабилитација, во рамки на клупските можности “ се дополнува во соопштението.

    МЗТ, в понеделник, во рамките на 24.коло ќе ја пречека Игокеа, а потоа во последните две кола ќе гостува кај Будуќност и ќе го пречека Морнар.

    Македонскиот првак со скор од осум победи и 15 порази се наоѓа на 12-то место на табелата и има една победа повеќе од двете последнопласирани екипи Крка и Задар.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.