





Во животот често ни се случуваат работи кои не ги разбираме, а кои имаат смисла. Дозволете оваа приказна да фрли нов поглед на работите кои ви се случуваат во животот.




ЈАС: Боже, може ли нешто да те прашам? БОГ: Нормално.
ЈАС: Ветуваш дека нема да ми се налутиш? БОГ: Ветувам.
ЈАС: Зошто дозволи толку работи да ми се случат на мене? БОГ: Како тоа мислиш?




ЈАС: Па утрово се успав. БОГ: да
ЈАС: Ми требаше цела вечност за да ми запали автомобилот БОГ: Да, видов…
ЈАС: За ручек добив сендвич кој не го нарачав – и морав да чекам БОГ: И.




ЈАС: За пат накај дома, ми се испразни батеријата токму кога имав важен позив. БОГ: Да, знам:
ЈАС: Како и тоа да не беше доволно, доаѓам дома и сакам да се опуштам со масажерот, а тој не работеше. Денеска не оди како што треба!Зошто дозволи тоа да ми се случи?




БОГ: Ако заврши дозволи ми да ти објаснам. Гледаш, утрово до твојот кревет стоеше ангелот на смртта, а јас испратив еден од моите ангели да се бори за твојот живот. А за тоа време јас те пуштив да спиеш. ЈАС: Навистина!




БОГ: Не дозволив твојот автомобил веднаш да запали, бидејќи токму во тој момент се наоѓаше пијан возач кој ќе те удреше ако му застанеше на патот. ЈАС: АХ..
БОГ: Личноста која ти го подготвуваше сендвичот за ручек беше болна и не сакав да го добиеш и ти тој вирус. Знаев дека не смееш да отуствуваш од работа.
ЈАС: Да




БОГ: Твојот телефон престана да работи токму кога личноста со која разговараше сакаше да те излаже и изневери во врска со некои работи, поради што можеше да ја изгубиш работата. ЈАС: Разбирам Боже:




БОГ: И да, оној твој нов масажер, кој го купи, имаше фабричка грешка. Ќе работеше некое време па после ке се запалеше, и ти со него. ЈАС: Боже, извини што така те нападнав.




БОГ: Не тагувај, само научи да ми веруваш… за се… и во добро и во зло. ЈАС: Да. ќе ти верувам
БОГ: И не се сомневај бидејќи мојот план за секој твој ден е секогаш подобар од твојот.




ЈАС: Не се сомневам, и те молам дозволими да ти се заблагодарам за сето она што ми се случи денес.
БОГ: Дете мое, моите очи секогаш ќе бидат вперени кон тебе, драгоцен си ми и сакам да се погрижам за теве. Како денес, утре и засекогаш…