6 C
Skopje
вторник, мај 13, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Вака би изгледало утрото доколку сите хороскопски знаци живеат заедно

Дали би можеле да замислите ситуација во која дванаесетте хороскопски знаци живеат заедно во еден стан?

dvojka_karanje

Тоа значи дванаесет различни карактери на едно место. Утрото, прикажано на еден хумуристичен, но мошне реален начин, би изгледало отприлика вака:

06:00 Девицата станува и пред туширање го чисти тоалетот. По перењето на забите, четката ја става во стерилна кесичка и ја остава на посебно место, подалеку од сите останати.

06:15 Јарецот станува и го исклучува бојлерот. Помина терминот за евтина струја.

06:20 Водолијата оди на утринско трчање.

06:30 Вагата и лавот се пред огледало и се конфронтираат за хидратантната крема и гелот за коса.

06:40 Бикот појадува „Нутела“ со супена лажица.

06:45 Стрелецот станува и го вклучува бојлерот.

07:00 Ракот прави сендвичи, Девицата цеди овошје, а Близнакот е во кревет со мобилниот телефон.

07:05 Скорпијата ја крши вратата од тоалетот, Вагата излегува смртно навредена со несесерот во рака.

07:10 Овенот станува и ја вклучува стоперката.

07:11 и 45 секунди Овенот е истуширан, облечен и мавта од скалите. Ја исклучува стоперката.

07:15 Бикот со лажицата уште гребе по теглата. Нема веќе „Нутела“.

07:20 Вагата и Лавот повторно имаат расправија пред огледалото, последна пред да го напуштат домот.

07:30 Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

07:40 Сите излегуваат.

07:50 Близнаците се враќаат, го заборавиле паричникот.

08:00 Рибите се будат и сфаќаат дека се заклучени во станот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.