6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Бурунди ќе го промени својот главен град

    Парламентот на Бурунди изгласа поместување на главниот град од Буџумбура во Гитега, кој всушност бил античкиот главен град на оваа држава.

    Гласањето се одржа во средата, а спикерот на парламентот изјави дека овој потфат ќе се одвива постепено во рок од 3 години.

    Првата институција што ќе биде преместена ќе биде горниот дом од парламентот, односно Сенатот.

    Претседателот Пјер Нкурунзиза, кој треба да ја потпише оваа промена, даде ветување уште во 2007 дека ќе го премести главниот град, велејќи дека Гитега се наоѓа географски поцентрално во Бурунди.

    Останатите се скептични за мотивот на оваа одлука.

    Новинарот Абди Латиф Дахир сугерира дека мотивот треба да се бара во фактот дека Буџумбура сè повеќе станува проопозициски центар, што доведува до постојани судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

    Сепак, Буџумбура ќе остане главен економски центар во земјата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.