Бугарскиот парламент денеска го одобри планoт на владата да започне преговори со САД за купување на осум нови воени авиони Ф-16, со што ќе ги замени руските Миг 29 и со тоа ќе ги прилагоди воздушните сили на НАТО стандардите.
Планот беше одобрен со 130 гласови за и 84 гласови против по долгата и на моменти жестока расправа, објави агенцијата АП.
Според информациите, поддржувачите на планот го нарекле истиот стратешки избор, додека противниците изразиле загриженост дека авионите се премногу скапи.
Со усвојувањето на овој план, предност им е дадена на американските авиони во однос на шведските „Грипенс“ и италијанските половни авиони „Јурофајтерс“.
Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов пред пратениците рече дека за разлика од шведските и италијанските авиони, за американските не се потребни дополнителни спогодби за опремата на леталата.