Средношколци од Велс, кои биле на екскурзија во Фиренца, се обвинети за уништување на споменик од 16 век.
Средношколците од Кардиф се обвинети за уништување на религиски орнамент, коj го скршиле на мали парчиња за време не екскуризјата во Фиренца.
Имено, на 22 јуни, украсната плоча била пронајдена на само неколку метри од градската катедрала. Инцидентот се случил, додека група на 15-годишни ученици си играле со летало змеј, кога одеднаш тој се закачил на зграда на плоштадот Сан Џовани.
Наводно, еден од учениците се качил за да го земе земјот, по што плочата паднала на земја. На плочата имало слика „Мадона со дете“ и истата датирала од крајот на 16 век.
Во моментов за учениците се предлагаат парични казни, дури и затворски, а се споменува и доживотна забрана за влез во Италија.