Една британска компанија планира до крајот на оваа година да пушти во продажба е-читач со браилова азбука за лицата со оштетен вид, со што би им се олеснило читањето и би се избегнало прелистувањето на илјадниците страници печатени изданија кои не се многу практични, пишува „Еуроњуз“.
Британската фирма „Bristol Braille Technology“ се надева дека ќе го смени ова со својот „Канут 360“ е-читач, за кој тие велат дека е првиот повеќелиниски е-читач со браилова азбука, кој прикажува девет реда текст во еден момент или околу една третина страница од вообичаена книга.
Секој текст што досега е преведен на браилова азбука ќе може да се спушти и да се чита со овој е-читач.
Конечниот прототип на „Канут“ читачот ќе биде пуштен во употреба на крајот од оваа година, а ќе чини колку еден лаптоп од најскапа категорија.