6 C
Skopje
четврток, јуни 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Британецот Ричардс нов играч на Карпош Соколи

    Британскиот кошаркарски интернационалец, Рајан Ричардс (25 год, 211 см.) е нов член на екипата на Карпош Соколи, откако и официјално го стави потписот на договорот со вториот македонски претставник во АБА-лигата.

    ricards

    Британецот, кој игра на позицијата крилен центар, но кој по потреба може да биде и класична „петка“, во Скопје доаѓа по неколкудневниот престој во кампот на Сан Антонио спарс, НБА-тимот кој во 2010 година го драфтува како 49. избор. Повредата на рамото тогаш го спречи да настапи во најсилната лига на светот, сон од кој Ричардс сѐ уште не се откажува. Негов последен клуб е Ал Ахли од Бахреин, а во досегашната интернационална кариера, која ја почна на 18 години во белгиски Монс, има променето поголем број клубови.

    Новиот член на карпошовци зад себе има настапи за екипи како Гран Канарија (Шпанија), Монтеј, Лугано (Швајцарија), Ал Наср (ОАЕ), Икарос (Грција), Керменд (Унгарија), Азад Техеран, Шардари Горган (Иран), Сагесе (Либан), Гуанкси ринос (Кина) и Цептер Виена (Австрија).

    Ричардс доаѓа на местото на Американецот Ламонт Мек, кој неодамна беше отпуштен поради лошите игри, но и проблематичното однесување.

    Ричардс дебито во дресот на Карпош Соколи се очекува да го има веќе в недела, кога во „Јане Сандански“ ќе му гостуваме на МЗТ Скопје Аеродром во првото македонско дерби во историјата на АБА-лигата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.