Нивниот Инстаграм профил е преполн со фотографии од кукли кои позираат во различни семејни фотографии.
Маделин и Малачи Дресел од Јужна Калифорнија, ги шокираа корисниците на Инстаграм откако почнаа да објавуваат фотографии од своите „пластични деца“.
Парот има колекција од 30 кукли кои ги облекуваат и со нив прават семејни фотографии.
Нивниот профил е преполн со фотографии на кои куклите прославуваат роденден, покрај елка а имаат и имиња.
„Јас и сопругата дојдовме до идеја да ги ставиме куклите во секојдневни ситуации. Во почетокот го правевме тоа од шала а после стана малку посериозно.
Сите семејства прават вакви фотографии, а ние одлучивме да ги направиме со нашите кукли.Го правиме тоа за да одговориме на прашањето „Кога ќе имате деца?““ рекла Маделин.