Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев, против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Причината за тужбата е поради тоа што Николовски во телефонско интервју за една телевизија, рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добива сите главни бизниси во државата. На следното рочиште на 26 февруари, ќе биде распрашан братот на премиерот. Николовски доставил одговор на жалбата и рече дека сам ќе се застапува. Вредноста на спорот е 30 илјади денари.
Во изјава за медиумите, Николовски рече дека Вице образложил дека поради таа изјава чувствувал вознемиреност и имал главоболки.
“Ако му дошло на Заев за 30 илјади денари, нека си ги троши со здравје”, рече Николовски по рочиштето.