Аргентинската полицајка Амелиа Банан минатата година доживеала тешка сообраќајна несреќа, додека била во шестиот месец од бременоста. Колегите со кои била во автомобилот велат дека таа претчувствувала дека ќе се случи нешто лошо, но сепак тргнала со нив.
Многу брзо по тргнувањето, од страната ги удрило друго возило и полицискиот автомобил излетал од коловозот. Амелиа се здобила со тешки повреди во главата и паднала во кома, додека нејзините колеги поминале неповредени.
За среќа, со бебето се било во ред и продолжило да се развива во стомакот на мајката.
Негде пред Божик ги отворила очите и ги помрднала рацете, но не можела да зборува. Многу брзо по будењето таа добила породилни болки. На Бадник, лекарите направиле царски рез и на свет дошол малиот Сантијаго. Семејството вели дека тоа е нивното Божиќно чудо, а грижата за бебето ја презела нејзината сестра Нора.
Меѓутоа, неколку дена по пораѓањето Амелиа повторно паднала во кома, но за Велигден се случило уште едно чудо, таа повторно се разбудила и сега се труди да ги направи и првите чекори. Најмногу што може е да го прегрне својот син.