2-месечно бебе е спасено 48 часа по земјотресот. Шокантната снимка ја пренесе Хабер Глобал.
Бебето било извлечено од урнатините и завиткано во црно ќебе.
Неговите роднини најверојатно се мртви, но тој изгледа неповреден и веројатно не знае што се случува. На снимката се гледа како го цица палецот, како она што се случува околу него баш и не го засега.
Портпаролката не можеше да ја сокрие возбудата додека ја емитуваше снимката, а репортерот Мехмет Алтунизик, кој мораше да го продолжи известувањето од местото на урнатините, не можеше да се воздржи и се расплака.