6 C
Skopje
четврток, март 20, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Бог секој ден го слушал мрморењето на еден човек се додека една вечер не одлучил да му одговори

Си бил некој сиромашен и едноставен човек. Навечер, по заморната работа се враќал дома скршен и нерасположен. Љубоморно ги набљудувал луѓето кои се возеле во автомобилите и си уживале. “Нив им е добро“, мрморел човекот. “Тие не знаат што значи да трпиш. Кога би го носеле мојот крст би било поинаку.“

Бог со многу разбирање и трпение го слушал секојдневното мрморење на сиромашниот човек и една вечер го пречекал кога се враќал дома. О ти си Господе, – рекол човекот изненаден. – Немој да ме прекоруваш. И самиот знаеш колку ми е тежок крстот што ми е на грбот.Бог благо се насмевнал. Дојди со мене. Ќе ти дадам можност да си одбереш друг крст. Човекот одеднаш се нашол пред многу крстови. Имало секакви: мали, големи, рапави, мазни, тешки, лесни…

Тоа се крстови што ги носат луѓето… Одбери си слободно каков сакаш… Човекот радосно го извадил својот крст и почнал да си бира крстови… Најпрво пробал лесен крст, но бил поголем и неудобен за носење… Земал крст кој го носел некој свештеник, но бил необично оптеретен со одговорност и пожртвуваност.Пробал да го стави мазниот крст но почувствувал дека силно го болел.

Пробал и сребрен крст, но ја почувствувал осаменоста и напуштеноста кога го ставил на себе. И така тој ги пробал сите, но имал приговор за секој од нив. Најпосле, нашол некој крст кој бил истрошен од долга употреба. Почувствувал како да е создаден за него. Го ставил на грбот и викнал: Го земам овој крст. Баш добро ми прилега.

А Бог му упатил благ поглед и во тој момент човекот го препознал крстот дека тоа бил неговиот сопствен крст кој го носел целиот живот.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.