Граѓаните во Аргентина се заблагодарија на Богородица за која веруваат дека им пружа заштита за време на пандемијата на коронавирус, откако многу луѓе ја забележале на небото.
Магливата фигура на небото се појавила над Сан Карлос, град во северо-источната аргентинска провинција Кориентис.
Фотографијата потоа била споделена на социјалните мрежи и многу луѓе веруваат дека тоа е мајката на Исус. Извори од локалните медиуми објавија дека некои жители ја споредиле глетката со патронот на Кориентис, Девата од Итати.
Според верниците, одразот на Девата се појавил три пати во дамнешните времиња. Ова мистериозно видување довело до тоа доселениците да изградат статуа во нејзина чест во 1589 година.
Познато е дека Сан Карлос е еден од најстарите Језуитски градови. Во извештаите се вели дека библиската фигура била забележана и во блискиот град Канделарија.
Извор: тука