Тајландски мултимилионер понудил 300 илјади долари и целиот свој имот на маж кој ќе се ожени со неговата 26 годишна ќерка. Се што бара е мажот да биде работлив и да ја прави неговата ќерка среќна.
Арнон Ротдонг (58) сопственик на успешна плантажа за егзотични овошја наречени дуријани во тајландската провинција Чумпхон.
Неговата ќерка Карниста му помага да го води семејниот бизнис – а тој сега ветил парична награда за мажот ќе се одлучи да му биде зет.
Зетот ќе ја добие и фармата со дуријани, најголемата во регијата.
Иако традицијата во Тајланд налага младоженецот да даде мираз, Ротхонг изјавил дека е спремен да ја прекрши традицијата за да најде добар маж за својата ќерка.
„Сакам некој кој ќе се грижи за мојот бизнис и ќе го одржува. Не сакам некој кој ќе има супер диплома од бизнис или филозофија, туку упорен и работлив маж. Тоа е се“ – изјавил тој.
Иако има и синови, Ротхонг се одлучил се да му даде на зетот: „Штом се венчаат, ќе му го дадам целиот свој имот“.
Карниста зборува англиски и кинески, никогаш немала момче и во моментов ужива во вниманието со кој ја опсипуваат потенцијалните кандидати откако татко и јавно ја објави понудата пред целиот свет.
Изјави дека не е лута на својот татко, можеби “малку изненадена“, бидејќи за понудата дознала од пријател, а не од татко и:
„Изненадена сум и сето ова ми е помалку смешно. Вистина е дека немам момче, но доколку веќе се мажам, нека биде тоа некој вреден, некој кој е добра личност кој ја сака својата фамилија“ – изјавила Карниста, која додала дека парите сака да ги троши на пластични операции.