Репрезентациите на Хрватска и Србија ќе го отворат Европското првенство во „Спаладиум арена“ во Сплит, а навивачите веќе ги тресе ракометната треска во пресрет на овој долгоочекуван дуел. Доказ за тоа се цените на влезниците на „црниот пазар“, кои достигнаа вртоглави суми.
Сите билети (помалку од 11.000 места) се одамна распродадени, но сега се појавија првите „црни“ понуди, кои овозможуваат присуство на овој спортски настан.
Оние „скромните“ за еден билет бараат 750 хрватски куни, односно во превод, 100 евра. За подобрите места во арената цените значително растат, а истите достигнуваат 1.000, 1.200, 1.500, па дури некој се осмелува да продава по цена од 2.000 хрватси куни.
Заинтересираноста кај навивачите е голема, па цените на влезниците до почетокот на првенството се очекува да пораснат, пишува gol.mk.
Извор: Sportm.mk