6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Била пресреќна кога дознала дека носи близнаци – тогаш докторите и рекле дека мора да потпише договор кој и го скршил срцето

    Џејд Корлтон и нејзиниот сопруг Маркус од Брентвуд биле вон себе кога дознале дека очекуваат близнаци. Се течело лесно до 16. недела од бременоста, кога Џејд отишла на ултразвук.

    Се испоставило дека близнаците имаат синдром меѓублизначка трансфузија и тоа во трета фаза. Тоа значи дека крвните садови на нивната заедничка плацента се поврзани, што практично значи дека едниот близнак, Џејсон ги добивал сите хранливи материи, додека Маркус не добивал ништо. Покрај сето тоа, оваа состојба сериозно ја загрозувала работата на срцетп на двете деца.

    Лекарите им рекле на родители дека децата ќе умрат освен ако не изведат една навистина комплицирана и ризична ласерска операција. А, дури и со таа операција, им кажале дека постојат 65% можност едно или двете деца да не преживеат.

    Родителите секако се одлучиле за операција, за барем на едно дете да му дадат можност да преживее. Пред операцијата Џејд морала да потпише договор со кој потврдува дека е свесна за тоа дека постојат само 65% едното дете да почине, или да има мртвороденчиња.

    Мајката целата операција ја следела преку ултразвукот. За среќа, се поминало како што треба. И 10 месеци по операцијата, двете близначиња растат заедно, целосно здрави и среќни.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.