6 C
Skopje
петок, декември 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Бизнисмен платил 10 илјади долари за да го убијат и да ја пренесат неговата меморија на интернет

    Милијардер од Силиконската Долина платил 10.000 долари за да биде ставен на листата на чекање за смртоносен процес за пренесување на неговиот мозок на интернет.

    Бизнисменот Сем Алтман е еден од 25-те луѓе на листата на чекање на стартап-компанијата Nectome, која ветува дека ќе ги вчита мемориите на своите клиенти на т.н. клауд-платформа.

    Алтман (32), кој сака вечно да го зачува својот ум, ќе умре во процес сличен на самоубиство, само со мала асистенција од лекар, пишува „Унилад“.

    Коосновачите на Nectome, Роберт Мекинтаер и Мајкл Мекан, добиле идеја да го сочуваат човечкиот мозок онлајн до микроскопски детали со користење високотехнолошки процес на балсамирање. Процесот на вчитување на меморијата резултира со витрификацијата – термин што го користи компанијата за да го опише процесот на претворање на мозокот во стакло.

    Nectome веќе има добиено две награди од Brain Preservation Foundation за зачувување на мозокот на зајак во 2016 година и на свиња во 2018 година, пишува „Гардијан“.

    Како што пишува Technology Review, за оваа процедура да биде успешна, мозокот мора да биде свеж. Nectome вели дека нивниот план е да се поврзат доброволците на машина со цел да се измешаат хемикалии за балсамирање во каротидните артерии во нивните вратови додека тие сè уште се живи.

    Бизнисменот Алтман за Technology Review изјавил оти е прилично сигурен дека човечки мозоци ќе бидат дигитализирани уште во текот на неговиот животен век.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.