Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков, повеќе не е тренер на Банијас од Абу Даби.

Челните луѓе на клубот решиле да му врачат отказ на Давитков бидејќи тој кус период во ноември дојде во Македонија за да ја предводи репрезентацијата во дуелите со Словачка и Швајцарија во претквалификациите за пласман на Европското првенство.

„Клубови имало многу и ќе има уште, но репрезентацијата на Македонија е една“, напишал, меѓу другото, македонскиот селектор на својот профил на „Фејсбук“.