6 C
Skopje
недела, април 2, 2023

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Сокот од киселите краставички не го фрлајте во мијалникот, бидејќи е многу корисен за овие 5 работи

    Дури и ако сте најголем љубител на кисели краставички, пиењето чаша од солениот сок може да ви изгледа чудно. Но, размислете двапати пред да...

    13-годишно девојче забременило и раскажало за кошмарот потоа, апелирајќи до родителите

    Тинејџерка која забременила на 13 години, зборувала за кошмарот низ кој поминала кога ја дознала веста. Меди Ламберт од Форт Ворт, Тексас, ја раскажа својата...

    Љубовта на бабата е непроценлива во воспитувањето на децата

    Љубовта на бабата е бесценета Бабата ги сака своите внуци со длабока, нежна, искрена и совршена љубов. Оваа љубов никогаш не исчезнува. Кинезите сметаат дека таквата...

    Срцето ми се згрчи од тага кога ја видов мојата постара соседка како моли за леб на вересија

    Неодамна бев сведок на една многу непријатна случка која длабоко ме потресе. Живеам во соседството на една постара жена. Тетка Мима е пријатна, добредојдена,...

    Бектеши: Над 53 милиони денари годинава за малите и средни претпријатија

    Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска ги промовираше мерките од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво 2019 година, за која од година во година расте интересот кај бизнис-заедницата, со оглед на максималниот степен на реализација на средствата од оваа програма. Годинава е обезбедено и зголемување на средствата за таа намена во оваа програма, која е збогатена со нови мерки на барање на бизнис-заедницата, согласно со нивните потреби за зголемување на нивната конкурентност, а со тоа и конкурентноста на македонската економија.

    „Сакам да напоменам дека оваа програма во континуитет бележи зголемување на буџетот, согласно со популарноста на мерките во неа и интересот на малите и средните претпријатија за користење на средствата од овие мерки. Ќе потсетам дека во втората половина од 2017 година, со ребалансот на буџетот овие средства ги зголемивме за цели 180%, односно тогашните 10-тина милиони денари ги дополнивме со нови 16 милиони, па претприемачите имаа на располагање солидна сума од 25 милиони денари, со која на над 150 бизнис-субјекти им помогнавме барем малку да ги подобрат своите бизнис-перформанси. Во 2018 година таа поддршка повторно ја зголемивме, односно бизнис-субјектите имаа на располагање 47 милиони денари, а годинава имаат дури нешто над 53 милиони денари. Оваа програма содржи 3 дела, и тоа за мерки за МСП, за мерки од индустриска политика, за кластерско здружување, а од годинава имаме и нов дел, тоа се мерки за општествена одговорност“, рече Бектеши на пресот.

    Притоа за мерките во делот на МСП обезбедени се 41.280.000 денари, што претставува зголемување од речиси 3 милиони денари од минатата година, и тоа за кофинансирање проекти за поддршка на претприемништвото, МСП и занаетчиството, обезбедени се средства за проекти на граѓанскиот сектор и коморите, кои се во насока на остварување на целите зацртани во двата стратешки документи: Националната стратегија за мали и средни претпријатија 2018-2023, како и Стратегијата за женско претприемништво. Притоа, за разлика од минатата година, оваа година максималната сума по проект е зголемена на 450 000 денари за поддршка на претприемништвото и 300 000 денари по проект за поддршка на занаетчиството со цел да се добијат што поквалитетни проекти кои ќе придонесат кон поттикнување на претприемништвото и унапредување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и промоција на занаетчиството.

    Со мерката субенционирање на МСП, занаетчии и претпријатија раководени од жени, се предвидува надомест од по 300 000 денари за МСП за набавка на опрема и алати, но од оваа година и за набавка на софтверски решенија, како и консултантски услуги за поврзување во синџирите на добавувачи и изработка на проекти со цел аплицирање во фондовите на ЕУ, бидејќи ова произлезе како потреба на бизнис-субјектите од бројните посети и средби минатата година. И оваа година се поддржуваат МСП во делот на подобрување на нивната конкурентност преку воведување нстандарди за ИСО и ХАЛАЛ (3 милиони), а од оваа година ќе ги поддржиме и во настапите на саемите, со кофинансирање на трошоците за закуп на штанд, и тоа на домашни, регионални и меѓународни саеми. И ова се покажа како потреба на компаниите за да се зголеми нивната видливост на домашниот и меѓународните пазари. Во насока на обезбедување стручен кадар за потребите на бизнис-секторот, оваа година ќе се поддржи опремување на акредитирани претпријатија за обука и стекнување вештини со 50% од трошоците, но не повеќе од 400 000 денари за набавка на опрема и алат што ќе служат исклучиво за обука, а воедно ќе се финансираат и сертифицираат обуки за потребите на бизнис-секторот во износ од 50% од трошоците или 60 000 по апликант.

    Во делот индустриска политика обезбедени се средства во вкупен износ 3.700.000 денари преку неколку мерки, како поддршка за зголемување на конкурентноста на деловните субјекти од преработувачката индустрија во вкупен износ од 2.500.000 денари, кофинансирање за организирање на специјализирани обуки – длабински и детални технолошки обуки за преработувачката индустрија во вкупен износ од 1.200.000 денари, при што се воведени нови обуки како специјализирани обуки во кожарската и чевларската индустрија, за воведување на концептот на „зазеленување – greening of manufacturing industries“ во повеќе избрани сектори од преработувачката индустрија, како и за воведување на концептот на циркуларна економија во преработувачката индустрија.

    Во делот поддршка и развој на кластерското здружување, средствата се зголемени од 5 на 7 милиони денари, а одобрувањето на средствата ќе се одвива преку реализација на повеќе активности и проекти од кластерските здруженија, со иста динамика како и во 2018 година, во континуитет, додека во делот општествена одговорност за првпат се воведува поддршка за развивање, одржување и применување на социјално прифатливи практики на деловните субјекти во вкупен износ од 1.200.000 денари. Во овој дел се креирани мерки за воведување и сертификација на систем за општествена одговорност на претпријатието, согласно со стандардот SA 8000, кој обезбедува етичко управување при производство на стоки и услуги и бара да се гарантираат основните права на работниците, во вкупен износ од 831 000 денари, како и за воведување и сертификација на систем за одговорни односи на пазарот, согласно со сертификациската марка Фер со потрошувачот, кој обезбедува систем за електронско управување со поплаки од потрошувачи и купувачи и спогодбено решавање на проблеми и спорови, во вкупен износ од 369 000 денари.

    „Со сите овие новитети во програмите, од типот на мерки кои се реална потреба на бизнис-секторот, како и со зголемениот буџет во поедините делови и во програмата во целост, верувам дека ќе го поддржиме зголемувањето на конкурентноста на нашите мали и средни претпријатија, а со тоа и зголемување на вработувањата во нив и подобрување на конкурентноста на домашната економија во целост. Така ќе ги оствариме нашите заеднички очекувања – 2019 година да биде економска година, со придобивки што ќе ги почувствуваат граѓаните“, рече Бектеши.

    Latest Posts

    Сокот од киселите краставички не го фрлајте во мијалникот, бидејќи е многу корисен за овие 5 работи

    Дури и ако сте најголем љубител на кисели краставички, пиењето чаша од солениот сок може да ви изгледа чудно. Но, размислете двапати пред да...

    13-годишно девојче забременило и раскажало за кошмарот потоа, апелирајќи до родителите

    Тинејџерка која забременила на 13 години, зборувала за кошмарот низ кој поминала кога ја дознала веста. Меди Ламберт од Форт Ворт, Тексас, ја раскажа својата...

    Љубовта на бабата е непроценлива во воспитувањето на децата

    Љубовта на бабата е бесценета Бабата ги сака своите внуци со длабока, нежна, искрена и совршена љубов. Оваа љубов никогаш не исчезнува. Кинезите сметаат дека таквата...

    Срцето ми се згрчи од тага кога ја видов мојата постара соседка како моли за леб на вересија

    Неодамна бев сведок на една многу непријатна случка која длабоко ме потресе. Живеам во соседството на една постара жена. Тетка Мима е пријатна, добредојдена,...

    АКТУЕЛНО

    Трагедија дома: Два питбула уби ле 2-годишно девојче и нејзиниот 5-месечен брат пред очите на нивната мајка

    Трагедија се случила во предградијата на американскиот град Мемфис, пишува NBC. Две кучиња ги нападнале и ги убиле децата на семејството кое ги одгледувало. Повредена...

    Во следните 20 години, ОВИЕ 9 земји ќе исчезнат од лицето на Земјата – погледнете ја црната листа!

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал светот доколку некои земји престанат да постојат? Дали некои земји треба да ги проголтаат другите? Многу...

    Искрена исповед на мајка од Скопје: Мамо ти ми викаш да се женам, а ние немаме ниту нов

    Ова е приказна на жена кој искрено ја раскажува својата приказна поради економската состојав во која таа а и многу други граѓани живеат многу...

    Направете го ова и сметките за вода ќе ви се намали

    Заборавете на убава топла када кога можете само да се бањате. Ова значително ја намалува сметката за вода. Сепак, можете да го направите ова...

    СТАРО ВЕРУВАЊЕ, ОДБИВАЊЕТО НА КУМСТВО СЕ СМЕТА СО ГОЛЕМ ГРЕВ: Ако го направите тоа, ве чекаат вакви последици!

    Да се ​​избере некого за кум е голема одлука, а од друга страна е многу голема одговорност кога некој ќе не избере нас за...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.