За такво чудо не сме слушнале уште од Библијата – безгрешно зачнување! Новинските хроники експлодираа со веста за бремена млада жена која тврди дека никогаш не спиела со маж. Девицата мистериозно родила бебе и покрај тврдењата дека е недопрена.
Интересниот случај е од Кина, а младата жена е примена во болница со стомачни болки, пишува Мирор. Била бремена девица примена на 15 јануари во болница во градот Гианг – главниот град на провинцијата Гизу, објавија локалните медиуми. На 6 февруари таа роди машко бебе.
Од болницата тврдат дека младата жена имала екстремно вишок килограми и не сфатила дека е бремена. Мајката не била изненадена кога дознала дека навистина ќе се породи. Жената дури инсистирала да биде тестирана за невиност. Нејзиното дете е родено со царски рез.
Мајката пристигнала во болница со родителите. Таму сите останале шокирани кога лекарите и ги дефинирале болките во стомакот како контракции и се разбрало дека девојчето ќе се породи. „Невозможно е да бидам бремена“, рече таа и додаде дека „не сака мажи, никогаш немала момче, а сексот не доаѓа предвид“.
Младата жена категорично одбила да дои и да се грижи за своето дете, па лекарите биле принудени да им го дадат на родителите. Според извештаите од болницата, жената живеела сама, а поради нејзината тежина и нередовниот менструален циклус, никој не забележал дека е бремена, дури ни самата.
Се уште не е познато каква ќе биде иднината на новороденото момче. Не е јасно кој е таткото на детето.





