Одговор на прашањето кој е најдобриот филм во историјата се обиде да даде синџирот киносали „Showcase Cinemas“.
Тие ги прашаа љубителите на филмовите кој е според нив најдобриот филм што го гледале во последните 30 години и се издвои култниот наслов – „Бегство од Шошенк“. Втор на списокот беше „Титаник”, а трет „Форест Гамп”.
„Showcase Cinemas“ ја спроведе оваа анкета по повод 30-годишнината од постоењето.
Освен филмовите, испитаниците ги прашале кој е најдобриот актер или актерка во последните 30 години. Титулата на најдобар актер ја понесе Том Хенкс …
… а титулата на најдобра актерка Џуди Денч.