Секоја седма особа признава дека размислува за развод поради сомнителни активности на брачниот партнер на Фејсбук, Скајп или Твитер, велат податоците од анкета на 2000 испитаници спроведена во Англија.
Речиси една третина од анкетираните се изјасниле дека еднаш во седум дена имаат расправија со својот брачен партнер околу користењето на социјалните мрежи, а 17% од нив се расправаат секој ден.
Уште една занимливост – 58% од испитаниците кажале дека ја знаат лозинката на својот брачен партнер, без разлика дали тие се свесни за тоа или не.
И во САД адвокатите потврдуваат дека социјалните мрежи го зголемиле бројот на разводи во последно време. 66% од испитаниците изјавиле дека доказите за неверството на брачните партнери ги добиле разгледувајќи ги нивните Фејсбук профили.