Кристен Мајклс е 22- годишна Амреиканка која работи како бебиситерка за семејство со три деца, а кога ги запознала тие ја замолиле да обрне внимание на најмалото девојче кое страдало од ретка болет.
Кристен ги чувала трите деца а со тек на време многу се поврзала со најмалото девојче и почнала да истражува како може да и помогне.
Девојчето било ставено на листа на чекање за донирање на црн дроб, но безуспешно зошто не можеле да најдат донор.
Кристен сфатила дека таа одговара како донор, па кажала на семејството дека е подготвена да го направи тоа.
Тие биле пресреќни и понудиле пари, а Кристен секако ги одбила. Делови од црниот дроб биле извадени од Кристен, и пресадени на малото девојче.
-Кога ги видов сите заедно после операцијата, знаев дека постапив правилно- рекла таа.
Малата Талија брзо оздравела а докторите имаат одлични прогнози за живот.