За разлика од многу други парови кои првпат станале родители, Британката Џема Јанг и нејзиниот сопруг биле поштедени од стравот пораи постојаниот плач на бебето.
Нивниот син Џек од ден во ден само се кикотел. Парот бил пресреќен дека има толку среќен син.
Со текот на времето забележале дека сепак нешто не е во ред. Непрекинатото кикотење и повикување започнало во 2014 година, две недели по раѓањето на Џек.
-Како расипана плоча – опишува мајката за магазинот „Сан“.
Потоа почнале да се грижат, бидејќи смеењето не престанувало ни два месеци подоцна.
После долги долги испитувања, откриено е дека детето има тумор на мозокот, така наречен хипоталамички хамартом кај кој локално се зголемува ткивото. Се испоставило дека нападите на смеење се всушност еплитептични напади.
За среќа се добро се завршило, Џек бил на 10 часовна операција после која туморот со големина на грозд бил отстранет.
Денес Џек е среќно и здраво дете, бидејќи туморот е откриен на време и не оставил трајни последици.
Baby boy’s constant giggling was actually a sign of a rare brain tumour https://t.co/3MAHdr4Rq5 pic.twitter.com/sduOOtooro
— The Sun (@TheSun) November 27, 2018