6 C
Skopje
сабота, јули 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Бебе родено без нос: Објавила фотографија на Фејсбук а тие побарале да ја отстрани (фото)

    Бренди Мек Глатери и Трој Томпсон на 4 март добија син Тимоти Ели, кој се роди без нос. Детенцето веднаш по раѓањето почнало да дише на уста.

    Во светот има само 37 луѓе родени како Ели – без нос. Шансата да се случи тоа е еден спрема 197 милиони!

    – Не очекував ова да се случи. Секој ултразвук беше нормален, очекував перфектно здраво дете, бев многу изненадена кога се роди без нос – вели мајката на Ели, Бренди.

    – Но ние мислиме дека е перфектен каков што е. Ќе направиме се да биде среќен. Толку е сладок што некогаш заборавам дека нема нос – вели Бренди.

    Семејството има две опции – Ели или ќе направи една голема операција кога ќе биде тинејџер, или ќе има неколку помали зафати откако ќе наполни една година.

    – Мора да му се направи трахеотомија, што не очекувавме. Оние кои не можат да донираат нека се помолат за Ели, пред него е долг пат и ни треба секоја поддршка што може да се добие – напиша неговата мајка на страницата на фондот „GoFundMe“ каде веќе се собрани 40 000 долари за детето.

    Кога Ели се родил, неговата мајка поставила фотографија од новороденчето на фејсбук, од каде побарале да ја отстрани бидејќи фотографијата била „ контроверзна и шокантна“.

    – Простете на изразот, но нека сум проклета ако фејсбук ми забрани да ја делам фотографијата на мојот син и неговата приказна. Ми се лоши од тоа што морам да гледам слики од полуголи жени и други негативности, а моето дете било „контроверзно“. Што се случи со човечноста? – напиша Бренди, а Фејсбук го повлече барањето за повлекување на фотографијата откако приказната се прошири по интернет.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.