6 C
Skopje
недела, октомври 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Бебе борец – го исклучиле од апарати, но продолжило да дише

    Калеб Крук, 15-месечно момче од Велика Британија, одлучи да живее и покрај најлошите предвидувања на лекарите.

    По раѓањето, во живот го одржувале апаратите бидејќи бил роден со тешко мозочно оштетување поради недостиг на кислород за време на бременоста или породувањето.

    Десет дена по породувањето, лекарите ги повикаа родителите Беки и Филон да се простат од своето бебе. Тие им рекоа дека мора да ги исклучат апаратите бидејќи веќе нема надеж.

    Уредите беа исклучени, но момчето продолжи да дише. Тој го стиснал прстот на мајката и ја погледнал како да сака да ѝ каже дека сè ќе биде добро, да не се грижи.

    „Ова ќе биде неговиот прв Божик што ќе го помине дома со нас. И покрај неговите сложени потреби и тешки повреди на мозокот, тој сака да се смее, особено кога ќе го слушне гласот на неговата постара сестра“, кажа Беки (30).

    Таа додаде дека бебето е родено дома непланирано бидејќи сè се случило многу брзо. Бил блед, не дишел, а неговото тело било целосно опуштено, како да нема живот во него.

    We love the Madita fun mini! It’s a great Support and allows Kaleb to engage with us as a family! Especially his sister…

    Gepostet von Becki Crook am Donnerstag, 19. Juli 2018

    На Калеб му беше дијагностициран трет степен на хипоксично-исхемична енцефалопатија. Тешко и неповратно оштетување на мозокот како резултат на недостиг на кислород. Иако прогнозите за неговата иднина се неизвесни, семејството ужива во секој момент поминат во друштво на ова весело и среќно дете.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.