6 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Батлер во последната секунда го сруши Бостон

Кошаркарите на Чикаго и Вашингтон забележаа победи во НБА лигата, во пресрет на Ол-стар викендот во Њу Орлеанс.

Чикаго, во дербито на Источната конференција, славеше над Бостон 104:103 со поените од линијата за слободни фрлања, кои Џими Батлер ги погоди во последната секунда.

Бателер кој на ол-стар викендот ќе биде стартер во тимот на Источната конференција, натпреварот го заврши со 29 поени и и 7 асистенции, а втор според ефикасноста беше Боби Портис со 19 кошеви.

На спортивната страна брилијантниот Ајзеа Томас имаше идентичен број на поени како Батлер и водено влезе во историјата на Бостон.

Томас го собори рекордот на франшизата, тој стана првиот играч на Бостон кој на 41 натпревар во низа постигнал најмалку 20 поени.

Бостон е втор на Истокот со скор 37 победи и 20 порази, додека Чикаго е на седмото место со скор 28-29.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.