Меѓународната асоцијација за банкноти (IBNS) ја прогласи банкнотата од 10 швајцарски франци за најубава во светот.
IBNS е здружение кое вклучува колекционери и од 1961 година го промовира проучувањето на банкнотите, со доделување на наградата за банкнота на годината.
На веб-страницата на ова здружение е објавено дека банкнотата од 10 франци, изработена од Швајцарската национална банка, е избрана за најубава банкнота во 2017 година и тоа, како што се наведува, во тешка и досега невидена конкуренција.
Инаку, мотивите на банкнота покажуваат раце на диригент на оркестар, таа има силна златно-жолта боја и врвна заштита од фалсификување.