-Важноста на ЕУ не е само географски аспект, туку многу повеќе од финасиски заспект. Замислете ние сега да бевме во ЕУ. Ако Хрватска доби 22 милијарди претпоставете колку Македонија би добила. Но 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ не вратија назад, изјави Љупчо Балковски.
ВО ДПМНЕ се случува недостиг на демократија и човечки капацитети и третото најважно недостиг на лидерство. Сегашното раководство е на некој начин административно раководство, а не лидерско. Со новиов статут можеби се оди кон нешто што требаше да се направи порано. Сега од таа партија ќе се направат многу слоеви и раслојувања. Делови од стари вмровци што останел таму, сите што преминале од СДСМ од ЛДП, под уцена под притисоци, значи се работи за 4-5 слоеви кои сега со новиот статут ќе се доведе до раслојување на партијата, која што сметам дека и треба да се случи, додаде Балковски.
Сегашниот резултат кој што го постигна ДПМНЕ е производ на тоа што и порано се случуваше во оваа партија – хиерархиско функционирање, како компанија и од друга страна страв на самите гласачи, изјави Балковски.