Сите седум членови на семејството од чешкиот град Вратимов завршија во болница со вртоглавица, гадење и халуцинации бидејќи бабата подготвувајќи патка за празничната вечера, наместо зачин ставила марихуана во јадењето.
Таа, инаку, користела марихуана за медицински цели.
Четири постари лица на возраст помеѓу 37 и 71 година и две деца на возраст од 3 до 6 години завршиле во болница.
Лекарите најпрво помислиле дека семејството е отруено со јаглерод моноксид, но кога се утврдило дека нема гас во куќата, дознале дека патката што ја подготвила бабата за вечера била зачинета со канабис.
Чешката полиција започна кривична постапка против бабата.