Претседателот на ДУИ, Али Ахмети одговараше на новинарски прашања по завршување на средбата со премиерот Зоран Заев на која изјави дека се договориле на претседателските избори да одат со заеднички кандидат.
На сите прашања поставени на македонски јазик тој одговараше на албански, а Бујар Османи преведуваше. Но, на последното прашање да го коментира потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, тој одговори на чист македонски.
-Јас имав средба со претседателот на СДСМ, а не со потпретседателот, кусо одговори Ахмети по што си замина.
Извор: Libertas.mk