Артан Груби во изјава за порталот Мактел одговара дали е точно дека тој му дал сигнал на Талат да ја прекине седницата и дали е точно дека ДУИ го спасува Трајко Вељаноски од притвор:
– Не е точно дека сум дал сигнал да се прекине седницата, само давав сугестии да се прекине говорот на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ за да стигнеме на време да гласаме, но потоа разбрав дека Мухамед Зекири лично го навредил спикерот Џафери што е сепак недозволиво, непотребно се прават тензии, ќе стигневме на време да гласаме за имунитетот, но ВМРО ДПМНЕ пак правеше сопки, многу се испраксирани за тоа, за жал деловникот им го дозволува тоа.
Да сакавме ние Трајко да го спасуваме немаше да се појавиме сите во собрание во ниедно време па дури и лидерот на ДУИ беше на седница, значи обезбедивме кворувм и се, но сепак некои не додржаа со нервите и се случи тоа што се случи.