6 C
Skopje
петок, јуни 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Анѓушев: Со Бугарија ги решивме политичките прашања, време е да се посветиме на економијата

    Во пресрет на одржувањето на првиот македонско-бугарски бизнис-форум „Македонија-Бугарија 2019“, во Владата на Република Македонија се одржа билатерална средба меѓу вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и потпретседателот на Советот на министрите на Република Бугарија, Томислав Дончев, кој предводеше делегација составена од заменик-министерот за економија, Александар Манолев, и заменик-министерот за туризам, Љубен Канчев.

    „Дозволете ми да ви се заблагодарам за големата поддршка што Република Бугарија ни ја дава на нашиот пат за зачленување во НАТО и ЕУ. Потпишаниот договор за добрососедство, соработка и пријателство покажа дека имаме пријател што сака да нè види во ЕУ и НАТО. Сега, кога ги решивме отворените политички прашања, е идеално време да се посветиме на економијата. Очекувам и во иднина да се зголемува економската соработка помеѓу двете земји, организирањето прв македонско-бугарски бизнис-форум на почетокот на годината е убав сигнал за компаниите од двете земји“, истакна вицепремиерот Анѓушев.

    Во главниот фокус на разговорите беше продлабочувањето на економската соработка и бизнис-релациите помеѓу двете земји во 2019 како важен предуслов за продолжување на трендот на зголемување на обемот на трговската размена.

    Бугарскиот гостин Дончев нагласи дека развивањето на добрососедските односи има значајно влијание во зголемувањето на соработката во повеќе сектори и порача дека двете влади треба да му помогнат на бизнисот, со тоа што ќе работат на надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите во двете земји.

    На средбата се споделија размислувања и за првиот бизнис-форум „Македонија-Бугарија 2019“, кој се организира по иницијатива на вицепремиерот Анѓушев и потпретседателот на Советот на министрите на Бугарија, Томислав Дончев, на кој се очекува присуство на претставници на над 50 компании од Бугарија и уште поголем број претставници на македонски компании.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.