Перо Антиќ му донесе победа на Фенербахче во дуелот со Бамберг, Барселона победи во Казањ, Баскониа (екс Лаборал Куча) во драматичен финиш славеше над Ефес, а Панатинаикос го победи Жалгирис, во последните натпревари од првото коло во Евролигата.
Актуелниот турски шампион и евроспки вицепрвак Фебербахче извлече победа против Бамберг 67-66. Перо Антиќ од линијата за слободни фрлања ги постигна последните поени на натпреварот.
Потоа Милер промаши тројка за Бамберг, Весели не реалзиираше две слободни, а Мели во последниот напад промаши зицер за победа на гермнскиот тим.
Антиќ кој по повредата се врати во тимот на Фенербахче, одигра нецели 20 минути, постигна 10 поени, на кои придодаде две украдени топки и по еден скок и асистенција. Турскиот тим го предводеше Богдановиќ со 18 поени, додека поен помалку на спортивната страна постигна Милер.
На другите натпревари Барселона победи во Казањ кај Уникс 69-63, откао во последниот период надомести негатива од 12 поени, Баскониа со кошот на Шенгелија од линијата за слободни славеше над Ефес 85-84, а Панатинаикос го победи Жалгирис 84-76.