6 C
Skopje
среда, февруари 21, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    АМСМ: Поради ниските температури наместа можна е појава на голомразица

    Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, a низ целата територија на Македонија дува силен северен ветер, и поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија.

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.