Американскиот старт-ап Орион Спан е одлучен во намерата да го изгради првиот луксузен хотел во вселената, наречен „Аурора Стејшн“. Ваквата идеја ја најави директорот и основач, Франк Бунгер.
Хотелот ќе може да прими шест гости во исто време, вклучувајќи и двајца членови на екипажот. Првите гости во хотелот би требало да се пријават во 2022 година.
„Целта ни е да ја направиме вселената достапна за сите. Патниците до хотелот „Аурора Стејшн“ ќе патуваат брзо и по најниска цена“, вели Бунгер.
Патувањето во вселената ќе чини 10 милиони долари, а во понудата која ќе трае 12 дена на туристите ќе им биде понудено да летаат на височина од 320 километри над површината на Земјата.
Хотелот ќе орбитира околу Земјата на секои 90 минути, што значи дека гостите за 24 часа ќе можат да видат 16 изгреви и залези на сонцето.